Денеска во 02.00 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Е.П.(40) и Т.Т.(40) од Куманово.
Тие биле затекнати при обид да одземат предмети од објект во изградба.
Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.