Кумановската полиција го уапси мажот кој пред два дена измами жител на кумановско село при размена на девизи, соопшти полицијата. Младиот жител бил измамен за 500 евра.

– Вчера во 20:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Т.(62) од Куманово. Тој се сомничи дека претходниот ден при размена на пари, на 21-годишен маж од кумановско село му дал фалсификувана банкнота од 500 евра., соопшти полицијата.

По целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2022 15:18