Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје во големата пролетна работна акција во општината Гази Баба во текот на вчерашниот ден и денес ги реализираа следниве активности:

Санација на ударните дупки со предходно машинско гребење на оштетените делови асфалт на улица Благоја Стефковски, улица Методија Андонов Ченто и улица Маџари.

Одговорните лица за одржување на сообраќајната сигнализација поставија нови платоа за намалување на брзината на возилата со цел зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот. Додека пак при извршената коконтрола и обиколка на светлосната сигнализација во општина Гази Баба интервенции имаше на крстосница улица 808 со улица 810, к-ца бул.Киро Глигоров со улица 15ти Корпус, к-ца ул.Методија Андонов Ченто со улица Маџари и к-ца ул.Методија Андонов Ченто со улица Финска со извршена замена на оштетените сенила на возачките и пешачки латерни на семафорите.

Екипите продолжуваат и утре со активностите во рамките на акцијата во општина Гази Баба на следните предвидени локации со планот за работа за утрешниот ден.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2022 15:37