Денеска ќе се одржи информативен настан за новинари и заинтересирани чинители, поврзани со процесот на чистење на линданот од малата депонија во ОХИС во рамки на проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на активности за чистење на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и γ-HCH (линдан) во ОХИС”, што ќе може да се следи во канцеларијата на Македонското еколошко друштво или на платформата „Зум“.

Настанот е во организација на Македонското еколошко друштво во координација со канцеларијата за ПОПс при Министерството за животна средина и просторно планирање.

Информативниот настан ќе го отвори државниот секретар за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2022 09:00