Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции.

Изречени се и седум мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, осум за користење мобилен телефон, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, наведуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедноста во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2022 09:50