Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 203 возачи.

Од нив, информираа од МВР, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 128 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2022 10:18