Денеска заедно со претседателот на Советот на Општина Аеродром, Дејан Митески сме тука пред основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ каде што во моментов се изведуваат работи со инвестиција на над 100.000 евра во средување на дворот во основното училиште и спортската и рекреативна инфраструктура која што е опфатена со истото.

Во истиот момент се има градежни работи во основното училиште „Блаже Конески“, таму има целосна промена на фасадата. При крај се работите поврзани со проект за проширување и реконструкција на истото училиште на „Блаже Конески“. И наскоро таму ќе почнеме со работа.

Инвестициите во образовната инфраструктура исто така продолжуваат и кај основното училиште „Гоце Делчев“ каде што ќе има проширување на капацитетите и реконструкција на училиштето.

Во делот на инфраструктурата сакаме да најавиме дека се отпочнати градежни работи во населба Лисиче, во општина Аеродром на повеќе километри улици кои што треба да се изградат.

Така да работиме на сериозни инфраструктурни подобрувања.

Во месец септември очекуваме да отпочне со работа нова градинка. После летниот период да отпочнеме со градежни работи на најмалку две нови градинки. Што значи дека приоритетот ни е пред се образовната инфраструктура, уличната инфраструктура, инфраструктурата поврзана со рекреацијата. Наскоро почнуваме со работа и на три нови детски игралишта, Стар Аеродром, Реонски центар, Ново Лисиче. Така да работиме сериозно, посветено, многу инвестиции во општина Аеродром кои што некои се тековни, некои наскоро почнуваме со работи кога ќе бидат создадени услови согласно соодветните процедури.

На крај, би сакал да кажам дека се радувавме на победата на МЗТ – Скопје во првиот наптпревар од АБА 2 турнирот, вечерва во 21 часот е полуфинале. Така да не само аеродромци, туку сите скопјани ги очекуваме на натпреварот, да навиваме за МЗТ – Скопје, бидејќи очекуваме да го добие своето заслужено место и повторно да се врати во АБА 1 лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2022 13:16