Првиот промотивен настан на заедничката кампања на Европската Унија и Совет на Европа „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“ ќе се одржи денеска во дворот на средното училиште „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Младите заедно со уметникот Дејан Давчевски ќе нацртаат мурал на ѕидот на средното училиште, преку кој ќе ја испратат главната порака на кампањата и ќе ги повикаат сите млади да се обединат против омразата и дискриминацијата во нашето општество.

Кампањата „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“ има за цел да ја покрене свеста за различните форми на говор на омраза кои таргетираат специфични заедници и поединци во македонското општество, како и да промовира различни начини за спротивставување на говорот на омраза. Кампањата вклучува јавни личности, институции, организации и клучни активисти за човекови права кои преку лични сведоштва, приказни и размена на добри практики ќе промовираат разноликост и еднаквост во локалните заедници и ширум регионот.

Кампањата се спроведува во рамки на проектот „Промоција на разноликоста и еднаквоста во Северна Македонија“, кој е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа, Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2022 07:56