Во спортскиот центар Кале во Скопје денеска ќе се одржи првиот меѓународен пријателски турнир во Голбол, во органзиација на Лајонс клубот Свети Пантелејмон – Скопје – Д132, во соработка со Лајонс клубот Солун Хост – Д117Б.

-Боите на нашата земја ќе ги бранат учениците од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, најавија од ЛК Свети Пантелејмон Скопје.

Голбол е параолимписки спорт за лица со пречки во видот (слабовидни и слепи). На турнирот ќе се натпреваруваат четири мешани екипи од нашава земја и Грција.

Турнирот почнува во 10 часот, а ќе трае до 13 часот



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2022 07:52