Она што пред само неколку месеци беше даден збор, денес е стварност a ветувањето е реализирано.
Она во што веруваш и го постигнуваш.
Тоа што беше обичен бетон, запуштено и уништено игралиште сега прерасна во ултра модерно кошаркарско игралиште со врвна FIBA опременост. Радишани доби ново кошаркарско игралиште.
Игралиште кое ќе биде наменето за над 850 основнци но и за сите граѓани на Општина Бутел.
Видео од вчершното отворање на новото кошаркарско игралиште со специјална FIBA подлога и сертифицирани FIBA кошеви во дворот на општинското основно училиште “Ацо Шопов”.
Многу голем број на граѓани беа присутни на вчерашниот настан, голема благодарност во мое лично име, и во името на општина Бутел! Го менуваме ликот на Општина Бутел.
Модерна, современа, урбана Општина Бутел за сите граѓани! Ветеното го реализираме!