Министерството за внатрешни работи во периодот од 11 до 17 овој месец спроведе акциски контроли на територијата на државата во однос на неисполнување на пропишани услови за затемнување на стаклата на возилата.

Како што се наведува во соопштението на МВР, при контрола се санкционирани 22 учесници во сообраќајот.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се додава во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2022 11:12