На Граничниот премин ,,Богородица” синоќа полициски службеници го лишиле од слобода В.С. (40) од Скопје.
Како што се наведува во соопштението на МВР, при проверка било констатирано дека В.С. се наоѓа во службена евиденција со мерка „апси“ по телеграма од СВР Скопје.
Лицето било предадено на полициски службеници од Полициска станица – Кисела Вода за понатамошна постапка.