На територија на Град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон, 12 санкции за непочитување на првенство на минување, а седум мерки, информираа од МВР, за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за нерегистрирани возила…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2022 09:45