Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош, Аеродром и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:00 до 10:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од Момин Поток – Синтек и СИЗ Македонија, Општина Карпош.

Во периодот од 08:30 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Пандил Шишков“ бр.10 и бр.27, Општина Аеродром.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Манчу Матак„, Општина Ѓорче Петров.

Во периодот д 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Осло“, Општина Карпош.

Во периодот од 09:30 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Козле“ кај крстосницата со ул.„Кораб“, Општина Карпош.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2022 10:05