Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје денес во рамките на големата пролетна работна акција во општината Чаир работеа на санирање на ударните дупки на улицата Цветан Димов и со машинско гребење на поголемите оштетувања во асфалтот асфалтираа површина од околу 40 м2, а ги санираа и недостатоците на светлосната сигнализација на крстосниците во општината со извршени шест интервенции.

Интервенциите на одговорните екипи за семафорите беа на крстосница улица Џон Кенеди со улица Цветан Димов, каде е извршена демонтажа на оштетен семафорски столб и монтиран е нов семафорски столб со возачка и пешачка латерна, направено е поврзување , испитување на семафорот и истиот е пуштен во работа.

Потоа на крстосница Џон Кенеди со улица Ќемал Сејфула утврдено е оштетено и монтирано е ново сенило на зелен возач, на к-ца Џон Кенеди со улица Македонско Косовска Бригада монтирани се пет сенила и заменето стакло на зелен возач. Како и на крстосцницата ул.Никола Карев со улица Самоилова монтирани се нови пет сенила и на к-ца улица ул.Никола Карев со ул.Македонско Косовска Бригада монтирани се две сенила и заменети три сијалици на семафорите за пешаци.

ЈП Улици и патишта Скопје, по налог на Град Скопје, а заедно со другите јавни претпријатија продолжува и во наредните денови со извршување на следните активности предвидени во рамките на работната акција во општината Чаир.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2022 13:42