Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР – Скопје, денеска во 11:30 часот на „Новопроектирана улица“, ја лишиле од слобода скопјанката Б.Д.В. (39).
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, таа била барана по централна потерница од Основно јавно обвинителство – Скопје за издржување мерка притвор за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.
Б.Д.В. е предадена во Полициската станица – Аеродром за понатамошна постапка.