Без вода утре од 9:30 часот ќе бидат корисниците од улица „Шарски Одред" и дел од улица „Козара" во Општина Центар.

Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација", причината за прекинот е изведување водоводен приклучок од ф80мм на улицата „Шарски Одред".

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со работата.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2022 13:56