Градот Скопје донесе одлука за поддршка на проекти и програмски активности на здруженија на граѓани и фондации, од областа на социјалната, детската и здравствената заштита во градот Скопје, за 2022 година.

Поддржаните проекти и програмски активности од годишниот повик се однесуваат на приоритетите дефинирани во Програмата за активностите во областа на социјална, детска и здравствена заштита во град Скопје за 2022 година, и тоа:

- Остварување социјална заштита на лица со попреченост; - Општествено вклучување и социјални услуги за ранливите категории на граѓани; - Еднакви можности на жените и мажите, недискриминација, поттикнување и развој на лични и општествени вредности; - Унапредување на здравствена заштита;

На јавниот повик кој беше објавен во февруари, организации поднесоа барања за користење средства од Буџетот на Град Скопје за 2022 година, наменети за финансирање проекти и програмски активности на здруженија на граѓани и фондации, од областа на социјална, детска и здравствена заштита во градот Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2022 14:27