На булеварот „Киро Глигоров“ денеска полициските службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(31) од Скопје, кој бил баран по две Централни потерници од Основен кривичен суд Скопје за издржување вкупна казна затвор од две години.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, тој бил осуден за сторени кривични дела „напад врз службено лице“ по член 383 и „прикривање“ по член 261 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено – поправна установа за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2022 15:19