Полицијата во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрекла вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола и шест санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.

– Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за нерегистрирани возила, информираат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедноста во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2022 09:33