Без вода денеска од 08:45 часот ќе бидат корисниците од улиците „Јустинијан Први”, „Аилска”, „Малешевска”, „Јакупица”, „Румена Хаџипанзова” и „Бранко Заревски” во Општина Кисела Вода.

Од ЈП „Водовод и канализација” информираат дека причината за прекинот е уличниот дефект ф-2″ на „Јустинијан Први” 2а.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2022 10:15