Денес во просториите на општина Гази Баба се оддржа средба помеѓу градоначалникот Бобан Стефковски и Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмет Аце Миленковски.

На средбата се потпиша меморандум за соработка и Стефковски и Миленковски се заложија за реализација на заеднички проекти и активности во иднина.

За средбата градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална фејсбук страна на која напиша:

Универзитетот за туризам и менаџмент додели 15 стипендии на општина Гази Баба! Попладнево во просториите на општина Гази Баба оддржавме средба со Аце Миленковски, Ректор на Универзитетот за туризам и менаџмет. На средбата потпишавме меморандум за соработка која во иднина ќе резултира со реализација на заеднички проекти и активности. Благодарност за доделените 15 стипендии кои преставуваат почеток на идната заедничка плодна соработка. - напиша Стефковски.

Универзитетот за туризам и менаџмент на општина Гази Баба и додели 15 стипендии за додипломски студии.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2022 17:05