Прекршочен суд во Москва денеска го казни „Гугл“ со четири милиони рубљи (околу 45.000 евра), поради „ширење лажни информации за загинати лица за време на специјалната операција во Украина“.

Информацијата ја соопштил Судот, а ја пренесоа руски медиуми.

Во образложението на судот се вели дека „Гугл“ одбил да ги отстрани „лажните информации за специјалната операција во Украина, вклучувајќи лажни податоци за број на загинати, како и екстремистички изјави против Руси и против раководството на Руската Федерација“.

На почетокот на март, рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон, со кој се казнува ширење на лажни информации за државните вооружени сили. Кон крајот на март, законот беше проширен и на државните органи на Руската Федерација.

Со законот предвидени се казни и за оние кои повикуваат на санкции против Русија.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2022 12:04