Денес заедно со градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска, направивме увид на улица Скоевска која за брзо ќе биде целосно реконструирана.

Ќе се реконструира улица Скоевска во должина од 1800 метри вклучувајќи ги и четирите краци.

Предвидено е целосно вадење на асфалтот со нов тампон и двослоен асфалт.

Ова е едно големо барање на граѓаните од населба Радишани кое го реализираме уште во првата година.

Проценетата вредност на овој проект е околу 24 милиони денари средства издвоени од буџетот на Град Скопје а Општина Бутел ја изготви целата техничка документација.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2022 12:06