Во рамките на акцијата за пролетно генерално чистење на општината Чаир што започна на 18 април во организација на Градот Скопје и јавните градски претпријатија, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија приближно 20 кубни метри несовесно одложен отпад од јавните и сообраќајните површини во оваа скопска општина. Расчистени се две диви депонии лоцирани на улицата Архиепископ Доситеј и раскрсницата меѓу улицата Џон Кенеди и булеварот Македонско-косовска бригада.


Во Општина Чаир расчистени 20 кубни метри отпад од диви депонии

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализира и секојдневни активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, како и миење и дезинфекција на контејнерите и нивните микролокации. Од почетокот на акцијата, во специјалните садови што Претпријатието ги постави во оваа скопска општина се одложени вкупно 60 кубни метри кабаст отпад.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2022 10:11