Милијардерот Илон Маск го коментираше падот на акциите на стриминг платформата Нетфликс и бројот на претплатници.

Основачот на Tesla и SpaceX го поврза ова со доминацијата на либералната агенда и таканаречената култура на будност (woke-culture). Терминот доаѓа од глаголот „разбуди се“ и нè враќа во 1930-тите, кога афро-американските кругови се обидуваа да се борат против расизмот и социјалната неправда. Во последниве години, поимот стана се повеќе распространет – се однесува на се што е поврзано со левичарската политика, либералните движења, феминизмот, ЛГБТ активизмот.

„Културата на будност ја прави содржината на Нетфликс негледлива“, напиша Маск на Твитер во коментар за падот на акциите.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2022 09:32