Хрватскиот репрезентативец Јосип Божиќ Павлетиќ на крајот на сезоната ги напушта редовите на македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Пелистер и кариерата ќе ја продолжи во Франција.

Нов клуб на Божиќ Павлетиќ е францускиот второлигаш Трембле со кој десното крило на битолскиот тим потпиша договор до јуни 2024 година.

Божиќ Павлетиќ дојде во Еурофарм Пелистер на почетокот на оваа сезона од редовите на германски Гепинген.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2022 00:37