Според добиените резултати од испитувањата на Секторот за санитарна контрола, водата во град Скопје изминатата недела била безбедна и квалитетна за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација - Скопје“.

Неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење во кој се обработени 185 примероци за физичко-хемиска и 185 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41. мерно место во град Скопје, земени во период од 18-23 април, покажува дека сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2022 10:27