Поради дефект на водоводна цевка на улица „Јордан Хаџиконстантинов Џинот", без вода од 8:30 часот ќе бидат дел од објектите во близина на Владата на Република Македонија.
Вода ќе немаат корисниците на улиците „Јордан Хаџиконстантинов Џинот", „Ристо Шишков", „Аминта Трети", „8-ми Март", „Наум Наумовски Борче" и дел од бул. „Илинден".
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до отстранување на дефектот.