Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со вд директорот на ЈКП Гази Баба 2007 Добри Петров ја отворија новата работилница на Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007.
За отворањето на работилницата, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална фејсбук страна на која напиша:
Отворена новата работилница на ЈКП Гази Баба.
Денес заедно со вд директорот на ЈКП Гази Баба Добри Петров ја отворивме новата работилница на Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007.
Новата работилница е комплетно опремена со нова машина абрихтер со пет функции и на истата се изработуваат нови модели на клупи. Покрај современата машина за обработка на дрво во работилницата има и современ алат за работилницата и современ мобилен алат за на терен, нови агрегати, компресори, хилти како и многу друг електричен алат.
ЈКП Гази Баба во новата работилница доби и комплетно нова опрема за поставување на водоводни мрежи.
Јавното комунално претпријатие Гази Баба прераснува во вистински сервис на граѓаните. Изминатиот период значително е зголемена хигиената во населените места за што им благодарам на сезонските работници кои се ангажирани во рамки на ЈКП Гази Баба за одговорното извршување на своите работни задачи.
Инвестициите во ЈКП Гази Баба се дел од моите приоритети, а во изминатиот период ЈКП Гази Баба доби нова опрема и механизација, контејнери за кабаст отпад и камион специјализиран за подигање на истите, два тонски ваљак за тампонирање на улици и поставување на павер елементи, камион мерцедес наменет за транспортирање на урбаната опрема, машина за фарбање на пешачки премини.. Инвестициите ќе продолжат и во следниот период. - напиша Стефковски.