На Денот на трудот 1 Мај и верскиот празник Рамазан Бајрам на 2 мај, на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг" – Скопје нема да се врши наплата, информираат од претпријатието.

Дополнуваат дека со редовна работа и наплата ќе работат двете катни гаражи „Беко" и „26 Јули" и јавните паркиралишта Кочо Рацин, Треска, Градска Болница и Клинички центар „Мајка Тереза".



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2022 19:30