Oпштина Илинден интензивно работи на санирање и подобрување на постоечката локална патна инфраструктура.

Во тек е санација на улица „19“, како и дел од улица „9“ во населба Илинден, четири делови од улица „500“ во Марино, улицата „6“ во Кадино, како и паркинг просторот пред црквата „Свети Илија“, во Кадино.

Во насока на поголема безбедност на учесниците во сообраќајот на повеќе локации во општината во тек е обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација. Изградбата и реконструкцијата на локалната патна инфраструктура останува еден од приоритетите на локалната самоуправа и во наредниот период.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2022 12:42