Екипите на ЈП „Улици и патишта“-Скопје кои се одговорни за одржување на сообраќајната сигнализација на градските сообраќајници, денес ја обележаа хоризонталната сигнализација на улицата Лондонска во општина Карпош. Улицата е обележана по барање на граѓаните и по налог на Град Скопје.
Со обележувањето на сообраќајната сигнализација се овозможува нормалното одвивање на сообраќајот и се зголемува безбедноста на учесниците во сообраќајот.