Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, честитајќи го 1ви Мај, Меѓународниот ден на трудот во честитката објавена на својата официјална фејсбук страна најави зголемување на платите за сезонските работници во ЈКП Гази Баба.
Во објавата Стефковски пишува:
Повисоки плати за сезонските работници во ЈКП Гази Баба!
Денес целиот свет го одбележува 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот!
На овој ден сите ние треба да ги потврдиме нашите заложби за унапредување на правата на работниците како и постигнување на целосна имплементација на позитивните законски прописи и склучени колективни договори.
Изминатиот период во општина Гази Баба се забележува значителен напредок на полето на хигиената и комуналната чистота за што најзаслужни се сезонските работници кои секојдневно се грижат за чистотата.
Како градоначалник на општина Гази Баба објавувам дека ќе покренам иницијатива за зголемување на платите на ангажираните сезонски работници во ЈКП Гази Баба 2007, што верувам дека за нив ќе биде мотив за уште поголема ангажираност.
Честит 1ви Мај, Меѓународниот ден на трудот! - напиша Стефковски.