Македонскиот ракометен репрезентативец Томи Јагуриновски е првото засилување на тимот на Тинекс Пролет за следната сезона.

За услугите на десниот бек беа заинтересирани повеќе екипи, но раководството на Тинекс Пролет успеа да го убеди Јагуриновски во квалитетот на проектот за наредната сезона, по што на обострано задоволство беше потпишан договор за соработка, соопшти денеска скопскиот ракометен прволигаш.

– Презадоволни сме што успеавме да го договориме трансферот на Јагуриновски, македонски репрезентативец со кого ги потврдуваме амбициите за враќање во борбата за висок пласман за наредната сезона. Не се сомневаме дека тој ќе внесе дополнителен квалитет во нашата игра, но и енергија на теренот, нешто што го краси Јагуриновски низ неговата кариера, изјави директорот на РК Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.

Јагуриновски доаѓа во Тинекс Пролет од редовите на исландскиот клуб Тор, а претходно ги бранеше боите на Металург и Вардар.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2022 23:05