Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје во текот на вчерашниот ден почнаа со изведба на активностите за пролетната работна акција во општина Шуто Оризари.
На улица Индира Ганди досега се санирани 23 метри квадратни површина оштетените бехатон плочи на пешачките патеки. На истата улица се санирани 15 метри квадратни површина од оштетувањата со предходно машинско гребење на ударните дупки и 25метри квадратни површина на улица Гвадалахара.
Обновена е вертикалната сигнализација на улицата Индира Ганди и извршена обиколка и контрола на светлосната сигнализација со цел утврдување на недостатоците.