Доцна попладнево на официјалната страна на Собранието на Република Македонија е закажана 125-тата пленарна седница на Собранието за 17-ти октомври во 12:00 часот, на која што на дневен ред се најдоа иницијативите на Пратеникот Павле Трајанов и на пратеничката група на СДСМ за распуштање на Собранието, но пред нив е ставена точката за усвојување на дополнет предлог Буџет за 2017 година.


Дилемата решена. Собранието се распушта во понеделник, избори на 11-ти декември

На овој начин, дилемите се решени. Собранието ќе се распушти во понеделник на 17-ти октомври, а предвремените парламентарни избори ќе се одржат во договорениот термин, односно на 11-ти декември.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2016 17:59