Во рамките на акцијата за пролетно генерално чистење на општината Шуто Оризари, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на денешниот ден започнаа со расчистување обемна дива депонија лоцирана на булеварот Македонско-косовска бригада.
Во специјалните садови што Претпријатието ги постави на шест локации во оваа скопска општина досега беа одложени вкупно 135 кубни метри кабаст отпад. ЈП Комунална хигиена-Скопје секојдневно реализира и активности за рачно и машинско метење и миење улиците Шуто Оризари и Нов живот, како и на сите автобуски постојки лоцирани во општината Шуто Оризари.