Капсулата на „Спејс-Икс“ – „Кру драгон“ со четворица астронаути рано утринава слета во океанот близу брегот на Флорида, со што заврши нивната шестмесечна мисија на Меѓународната вселенска станица (МВС).

Раџа Чари, Том Маршбурн и Кејла Барон од американската НАСА, заедно со германскиот астронаут Матијас Маурер од Европската вселенска агенција, се вратија на Земјата околу 24 часа по напуштањето на МВС. Капсулата можеше да се види како „го сече“ ноќното небо пред да бидат распоредени четири падобрани за да го забават повторното влегување на вселенското летало во атмосферата на Земјата.

„Потврдено е слетувањето на ‘Драгон’, добредојдовте назад на Земјата“, објави „Спејс-Икс“ на Твитер.

„Спејс-Икс“ на Илон Маск почна да пренесува човечки екипаж на МВС во 2020 година. Минатата недела однесе четири астронаути на Станицата – тројца од САД и еден од Италија, за да ги заменат четворицата што се вратија на Земјата денеска.

Маурер е дванаесеттиот Германец кој отишол во Вселената.

По несреќите во 2011 година, НАСА престана да ги лансира своите вселенски бродови, па зависеше од руските летала „Сојуз“ за превоз на своите астронаути до МВС, до лани, кога Маск ја презеде оваа задача со својот „Драгон“.

„Спејс-Икс“ беше основан од Маск во 2002 година и има испратено седум вселенски летала со екипаж последниве две години.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2022 13:43