Заедно со најмладите од основните училишта и градинките, на неколку локации низ нашата општина денеска се собираше и селектираше отпад кој потоа ќе биде рециклиран, а за секои собрани 10 килограми пластика, хартија, лименки и различен вид отпад, во парковите низ Аеродром ќе биде засадено по едно дрво.
На акцијата наречена „Генералка Викенд“ организирана во соработка со Пивара Скопје, ПАКОМАК и Man and Mountain, се приклучи општинската администрација, децата и воспитно-образовниот кадар од градинките и училиштата, како и голем број аеродромци.
Благодарност до сите учесници кои го дадоа својот придонес и се погрижија акцијата да помине успешно, при што зад себе оставија почиста средина и придонесоа кон дополнително зазеленување на општината со нови садници.