Биткоинот денеска падна на најниско ниво од јануари, бидејќи падот на берзите продолжува негативно да влијае на криптовалутите, чие тргување ги следи таканаречените поризични средства, како што се акциите на технолошките компании.

Биткоинот падна на 33.266 долари во утринското тргување во Азија, приближувајќи се на најниското ниво од јануари, кога беше само 32.951 долари. Падот под тоа ниво би бил најниската вредност на биткоинот од јули минатата година.

Според најновите достапни податоци од крипто-пазарот, биткоинот моментално малку закрепнал и се тргува за околу 33.500 долари, што значи дека е во пад од 1,4 отсто на дневна основа.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2022 09:29