Брзо приготвената храна не е секогаш штетна, смета доктор Маргарита Арзумањан, руска нутриционистка и гастроентеролог.

При изборот на храна за појадок, важно е да се внимава на неговиот состав. Според докторката, идеален начин за брз појадок е да јадете нешто што содржи јаткасти плодови, интегрално брашно, зеленчук, бобинки или мешунки.

– При изборот на храна за појадок, важно е да се внимава на неговиот состав. Најбрзиот и најубавиот појадок е спој од добар интегрален леб и кисело млеко и јаткасти плодови и овошје. Правилниот спој на состојки, дури и сендвичот, кој обично се смета за нездрав појадок, ќе го претвори во здраво јадење, изјави таа.

Нутриционистката вели дека сендвичот може да биде добар појадок ако земете и домашно зготвено месо, пилешко или риба, во леб што содржи здрави влакна.

– Од горе ставете парче краставица, домат или зелена салата, препорачува таа.

Многу намирници кои некогаш се сметаа за штетни сега се произведуваат со користење на различни технологии, вели стручњакот. Така, денешните колбаси може да бидат дел од здравата исхрана.

– Веќе се достапни квалитетни колбаси коишто содржат, на пр., мисиркино месо, говедско, млеко и зачини и не содржат ништо штетно. Тоа се колбаси што се добар и здрав појадок, додаде Арзумањан.

Но, доколку производот содржи конзерванси, вештачки засладувачи и засилувачи на вкусот, подобро е да не се јаде тоа, како што советува нутриционистката.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2022 09:30