Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ очекува да продолжи со производството во Шангај до средината на мај по големиот пад предизвикан од блокадата на метрополата, објави денеска локалното деловно издание Јикаи Глобал.

„Тесла“ беше принудена да ја затвори фабриката во Шангај на 28 март. На 19 април, производството продолжи, но во обем кој сè уште не го достигнал нивото пред избувнувањето на пандемијата во градот и е само една третина од нормата. Во април биле произведени само 10.000 електрични автомобили.

„Сè уште имаме акумулирани нарачки кои не се исполнети и испорачани, па сега главен приоритет е зголемување на производствените капацитети“, наведуваат од компанијата.

Експертите веруваат дека клиентите ако нарачаат електрични автомобили на „Тесла“ сега, периодот на извршување ќе трае околу шест месеци.

Договорот за изградба на фабрика на „Тесла“ во Шангај беше потпишан во јули 2018 година. Првата фаза од објектот, лоциран во областа Линганг на пилот зоната за слободна трговија во Шангај, беше изградена за само една година до крајот на 2019 година. Вкупната инвестиција во овој проект изнесува околу 50 милијарди јуани (околу 7,5 милијарди долари).

Во 2021 година, во оваа фабрика беа составени повеќе од 484.000 електрични возила – зголемување од 235 отсто на годишно ниво.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2022 11:20