Во Будимпешта вчера беше извршена ждрепката за завршниот турнир во женската Лига на шампони што ќе се игра во унгарската претстолнина.
Во „МВМ Арена“, ќе се сретнат Ѓер и Есбјерг, додека, Мец ќе се соочи со европскиот првак Кристијансанд.
Натпреварите од полуфиналето ќе се играат на 4 јуни, а финалниот натпревар и натпреварот за трето место се закажани за 5 јуни.