Екипите на ЈП „Улици и патишта“ - Скопје, денес ги асфалтираат пешачките патеки на влезот од градскиот парк во близина на дискотеката „Привилиџ“. На патеките се врши санација и реконструкција на оштетениот асфалт и во текот на денот е предвидено да бидат асфалтирани околу 1200 метри квадратни.
По налог на Град Скопје на реконструкцијата на пешачките патеки во западниот дел од паркот се работи интензивно и во фази, а во изминатите денови беа асфалтирани 800 метри квадратни. Поголем дел од патеките се веќе реконструирани и граѓаните можат да ги користат за рекреација, а во текот на утрешниот ден екипите ги продолжуваат активностите за реконструкција на пешачките патеки позади Луна паркот.