Прекин во водоснабдување денеска од 8:30 часот ќе имаат корисниците од улиците „Кратовска" и „Банско" во Општина Центар.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација" – Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-80 мм на ул. „Кратовска" бр. 23.

Од 9 часот без вода ќе бидат и корисниците од улиците „Петре Пирузе", „Ташкенска", „Хаванска", „Варшавска" и „Хелсинки" во Општина Карпош, поради уличен дефект ф -100 мм на ул. „Петре Пирузе" бр. 12 (по старо Мексичка).

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенциите.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2022 11:03