Во рамките на акцијата за пролетно генерално чистење на општината Центар досега беа одложени 35 кубни метри кабаст отпад во специјалните садови што ЈП Комунална хигиена-Скопје ги постави на пет локации во оваа скопска општина.
Екипите на Претпријатието секојдневно реализираат и активности за машинско метење и миење на булеварите, улиците и автобуските постојки во општината, како и миење и дезинфекција на сите контејнери поставени на јавни површини, вклучително со нивните микролокации. Активностите за чистење на општината Центар ќе продолжат да се одвиваат сѐ до крајот на тековната седмица.