Бројни се причините зошто треба да се јадат кикирики и производи од нив – путер, масло и друго, но сега и науката потврди дека тие го продолжуваат животот.
Кикириките се богати со здрави масти, протеини, растителни влакна, а содржат и повеќе од 25 есенцијални хранливи материи – витамин Б, аминокиселини, магнезиум, фосфор, калиум… Истражувањата покажаа дека биоактивните соединенија помагаат за поздраво срце и многу други придобивки за човечкото тело, пишува „Ит дис“.
Грст кикирики содржи околу седум грама висококвалитетни растителни протеини, а богати се и со влакна, антиоксиданси и корисни фитонутриенти. Науката покажа дека печењето кикирики го зголемува нивото нутриенти, што ги прави овие јаткасти плодови уште поздрави.
Мастите од кикирики се првенствено мононезаситени и полинезаситени, а познато е дека и тие, и тие помагаат во намалувањето на опасноста од срцеви заболувања.
Кикириките лесно заситуваат, па помагаат и во контролата на телесната тежина. Истражувањата покажуваат и дека протеините помагаат и во регулирањето на хормоните на гладта, а влакната – на чувството на ситост. Ова е веројатно причината зошто оние кои често јадат кикиритки и други јаткасти плодови имаат помала веројатност да имаат прекумерна тежина.
Трудот објавен во американското медицински списание „ЈАМА“ посочува дека кикириките воопшто придонесуваат за подолг и поздрав живот. Оние кои уживаат во јаткасти плодови, воопшто, се вели, имаат значително помала веројатност порано да умрат од која било причина.
И неколку други поголеми испитувања со по неколку илјади учесници, исто така, водат кон заклучок дека кикириките, како дел од здравата исхрана, можат да го продолжат животот на човекот.