Во Градски парк во Скопје на Школка денеска, на Светскиот ден на медицинските сестри, ќе се одржи прослава „Ова е наше време“, посветена на Меѓународната недела на сестринството.

– Покрај присуството на медицински лица од целата земја, очекуваме многу пријатели, соработници и бидејќи станува збор за настан од отворен карактер, ќе ни биде драго присуството на што поголем број добронамерници кои ќе ја дадат својата поддршка за сестринската професија, соопштија организаторите.

Важен дел од настанот ќе биде и доделувањето на плакетите и постхумните признанија за медицинските сестри кои своите животи ги загубија работејќи во ковид центрите.

Програмата ќе биде збогатена и со музички настапи на дел од нашите најпопуларни естрадни уметници.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/05/2022 08:49