Започна асфалтирањето и крпењето на ударните дупки во општина Бутел!
Општина Бутел врз основа на утврдената фактичка состојба на терен од страна на стручните служби во општината и по барање на граѓаните започна со изведување работни активности за асфалтирање, санација и крпење на ударните дупки на целата територија на општина Бутел.
Активности за крпење на ударни дупки и санација на делови од улиците се во интезивен тек, а според планираното до крајот на оваа седмица оваа фаза ќе биде завршена.
Напомена: Ги крпиме ударните дупки претежно на улиците кои не се во план за целосно асфалтирање во првата година.